Дабар 2026

Натпреварот заврши. Ви благодариме на учеството.

Важна информација за сите учесници

Почнувајќи од понеделник (30.11.2026), по 20:00 часот, сите учесници (наставници и ученици) ќе можат да си ги добијат своите сертификати со едноставно внесување на нивната е-маил адреса на сајтот на натпреварот: http://talent.mk. Истиот ден, ќе бидат објавени и податоци за организацијата на Дабар 2026 во Македонија. Системот ќе биде активен најмалку до јуни 2027, па нема потреба од растревоженост или брзање да се појавите на сајтот точно на тој ден. Ви благодариме на вашето учество на настанот.


Други натпревари

Дополнително, сакаме да ги информираме сите ученици дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете избрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани. Повеќе информации можете да добиете на следните сајтови:

  1. http://zim.mk   На веб сајтот на Здружението на Информатичарите на Македонија има повеќе информации за натпревари за основно и средно образование, како и за учеството на нашата репрезентација на балкански и интернационални натпревари.
  2. http://mendo.mk   Ова е системот на кој се организираат натпреварите по програмирање, и преку кој се одбираат екипите кои ја претставуваат Македонија на разни настани. Истиот содржи и дел за учење. Преку годината, се организираат и регионални и државни натпревари, како и Македонската Олимпијада по информатика. Учеството на истите е бесплатно.